Вечерното фудбалско дерби меѓу вечните ривали Пелистер и Вардар се одигра под рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Ова е прв натпревар под рефлектори, со што и се отвора сезоната за ноќни спортски настани на стадионот под Тумбе-кафе во Битола. Проектот за рефлекторско осветлување на стадионот го спроведоа Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија.
Дуелот се одигра в очи утрешниот празник – 80 години од ослободувањето на Битола. На стадионот, навивачките групи „Чкембари“ и „Комити“ приредија вистинско пиротехничко шоу, поради што на неколку минути беше прекинато дербито, а потоа продолжи.
Пелистер победи со 1:0 со голот на Мирко Ивановски во 92. минута.
Ж. ЗДРАВКОВСКА