Албанија се надева дека ќе влезе во Европска Унија до 2030 година, кажа премиерот Еди Рама на средбата со албанската дијаспора во Грција, што се одржа во хотел во Солун. На настанот се вееја албански знамиња, се пееја албански песни, а дел од присутните носеа традиционална облека. Настапија и албански музички ѕвезди.
Рама исто така вети дека многубројните албански иселеници за првпат ќе можат да гласаат на парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат напролет 2025.
Тој кажа дека односите со Грција се одлични, иако постојат спорови помеѓу двете држави. Ова кулминираше со случајот на Фреди Белери, етнички Грк кој минатата година беше избран за градоначалник на албанскиот приморски град Химаре откако заврши во затвор. Згора на тоа, Белери во јуни беше избран и за европратеник.
Рама објави дека ќе се потпише договор со кој албански деца во Грција ќе можат да го учат својот мајчин јазик.
Иако имаше стравувања дека посетата на Рама ќе биде проследена со националистички протести, пред хотелот се појавија само дваесетина луѓе.