ПРАТЕНИКОТ ДРАГАН КОВАЧКИ ПОПРЕЧУВАШЕ НОВИНАРИ ДА ЗЕМАТ ИЗЈАВА ОД ДИРЕКТОРОТ НА АНБ И ГИ НАКЛЕВЕТИ ДЕКА ТАЈНО СНИМААТ

    ПРАТЕНИКОТ ДРАГАН КОВАЧКИ ПОПРЕЧУВАШЕ НОВИНАРИ ДА ЗЕМАТ ИЗЈАВА ОД ДИРЕКТОРОТ НА АНБ И ГИ НАКЛЕВЕТИ ДЕКА ТАЈНО СНИМААТПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки дофрлаше: „Снимаш, снимаш на микрофончето", додека новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК земаше изјава од директорот на АНБ Бојан Христовски. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска во Собранието попречуваше новинари да земат изјава од директорот на АНБ Бојан Христовски и упати груба клевета дека додека зборува со Христовски, новинарка тајно го снима.

    По излегувањето од седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ, на која присуствуваше и директорот Бојан Христовски, кој е во центарот на вниманието поради наводниот лажен сертификат за англиски јазик од Пловдив, новинарите на САКАМДАКАЖАМ.МК и на Независен.мк тргнаа по него за изјави.

    Само што го почна новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК Соња Делевска разговорот со Христовски, а тој транспарентно почна да одговара на прашањата, Ковачки почна да го прекинува:

    „Директоре, ајде, ве чекаат”.

    Христовски во одење ја брифираше новинарката за неговите безбедносните сертификати.

    Во моментот кога Делевска го праша за ТОЕФЛ-сертификатот од Пловдив, дали го доставил до Антикорупциската комисија со оглед на тоа дека рокот е до задутре (четврток), Ковачки кој не успеа да го одвлече Христовски, ѝ кажа на новинарката:

    „Исклучи го микрофончето. Снимаш”, покажувајќи на мобилниот телефон кој таа го држеше во раката.

    Иако не е обврзана да го направи тоа, новинарката веднаш го отклучи својот телефон и му го даде на Христовски да провери.

    „Еве првиот човек на тајните служби нека провери дали снима овој телефон. Проверете директоре, ве молам, и кажете му на овој параноик”, бараше Делевска од директорот Христовски.

    „Не, тамам работа”, кажа тој и на новинарката ѝ го врати телефонот.

    Ковачки за тоа време не престана дофрла: „Снимаш, снимаш на микрофончето”, па новинарката од рацете на директорот на АНБ, телефонот му го даде на пратеникот Ковачки.

    И тој одби да провери дали разговорот со Христовски пред 100 луѓе во собранискиот ходник се снима.

    За кратко време, тој го симна директорот Христовски од други скали, па нејасно беше за каде го брзаше претходно.

    Екипа на СДК.МК

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира