ОСТАВКА ПОДНЕСЕ ДИРЕКТОРОТ НА ШТИПСКОТО СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ГОРАН КАВРАКОВ

    ОСТАВКА ПОДНЕСЕ ДИРЕКТОРОТ НА ШТИПСКОТО СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ГОРАН КАВРАКОВКавраков беше над 6 години директор на средно музичко училиште во Штип, а од последниот мандат има уште 2 години. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков, поднесе оставка на функцијата. Кавраков оставката ја доставил до Министерството за образование, а ја објавил и пред наставничкиот колегиум.

    Кавраков не наведува посебно образложение за оставката, но во тој контекс само ни изјави дека главен проблем е оти како директор на државно училиште морал да бара бројни согласности, најмногу за вработување нови и млади стручни кадри, а бил одбиван или не добивал одговори.

    Кавраков беше над 6 години директор на средно музичко училиште во Штип, а од последниот мандат има уште 2 години. Вли дека оценил оти можеби подобро е за училиштето да си даде оставка. Тој има магистура за саксофон и е професор за овој инструмент во училиштето.

    Во ова училиште во Штип досега музичкото образование го оформиле голем број реномирани музичари кои сега работат и творат во повеќе образовни центри во земјата и светот. Оваа година се запишани 130 средношколци и над 300 во основно музичко образование, претежно од Штип, но има голем број и од другите градови во Македонија.

    Последниот концерт што го организираше Кавраков како директор беше во септември, на кој настапи заедно со колегите професори.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира