РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО РАКЕТИ ПРВПАТ ОД АВГУСТ

    РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО РАКЕТИ ПРВПАТ ОД АВГУСТВо Киев не се пријавени жртви и поголема материјална штета. (Фото: Украинска служба за заштита и спасување)

    Експлозии одекнаа ширум Киев утринава откако Русија го лансираше првиот ракетен напад на украинската престолнина од август, принудувајќи ги постарите жени и децата да се засолнат во подземните метро станици. Украинците со месеци беа во исчекување на голем ракетен напад, загрижени дека ќе биде нападнат енергетскиот систем во пресрет на зимата.

    Противвоздушната одбрана пресретна две крстосувачки ракети и 37 дронови ширум земјата, соопшти украинската војска. Во Киев не се пријавени жртви и поголема материјална штета.

    Русија ги гаѓаше енергетските постројки на Украина претходно годинава, предизвикувајќи рестрикции. Оттогаш ситуацијата е подобрена, но украинските власти веруваат дека Русија планира повторно да ја нападне електричната мрежа наскоро.

    И покрај постојаните напади со дронови, Русија не го имаше нападнато Киев со ракети од 26 август, кога загинаа седум лица.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира