АКО ИМА ПОЖАР НА ВИСОКИТЕ СПРАТОВИ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, ЌЕ НЕМА ВОДА ДА СЕ ИЗГАСНЕ, ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ХРАНАТ ОД НЕБЕЗБЕДНА КУЈНА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ МЕМЕДИ

    АКО ИМА ПОЖАР НА ВИСОКИТЕ СПРАТОВИ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, ЌЕ НЕМА ВОДА ДА СЕ ИЗГАСНЕ, ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ХРАНАТ ОД НЕБЕЗБЕДНА КУЈНА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ МЕМЕДИНа прашање дали ќе бара одговорност за ваквите состојби, д-р Мемеди дека тоа треба да бараат институциите, тој бара решенија. (Фото: Принтскрин од видео)

    Директорот на Клиниката за детски болести д-р Реџеп Мемеди вели дека установата има високоризични проблеми, почнувајќи од тоа дека нема хидрофор пумпа во случај на пожар на горните спратови и дека храната за децата и бебињата се подготвува во небезбеден простор.

    На денешната прес-конференција, д-р Мемеди претстави слики за состојбите во Клиниките кои ги увидел изминативе  3-4 месеци откако е на функција.

    „Кујната каде се спрема храна за бебиња и деца е во комплетно амортиризирана состојба, со инвентар стар над 20 години, кој тешко може да се одржува по стандарди, со простории кои се руинирани. И замислете, во вакви простории на Детска клиника со години се спрема храна за деца. Дали тоа е безбедно? Преземав мерки и сме во фаза на обезбедување нова опрема и инвентар. Кај пумпите за вода, има една пумпа хидрофор која од 2018 не е во функција. Ако имаме пожар, ќе немаме притисок за вода за гаснење на високите спратови. Секоја недела имале проблеми со притисок за вода. За кратко време ќе имаме нова станица со пумпи. Лифтовите се преку 40 години стари, пациентите ни се качуваат по скали. Ќе има решение набрзо за 2 лифта. Низ просториите на Клиниката има еден куп стара хартија документи стари 10-15 години кои не се расходувани. Тоа бара работа и внимание“, рече дирекорот.

    На прашање дали ќе бара одговорност за ваквите состојби, рече дека тоа треба да бараат институциите, тој бара решенија.

    „Во последно време сме сведоци на кампања против Клиниката за детски болести и лично против мене иницирана од поединци кои имаат само лични интереси и болна намера за власт и позиција преку злоупотреба на детскии судбини. Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформациите, клеветите и расистичките натписи кривично се одговара и затоа немаат смелост да излезат јавно со име и презиме, туку се кријат позади лажен фејсбук профил. Имаше тенденција да се прикаже дека наводно за време на моето директорување, само три месеци, во октомври, сега четири месеци, има голема стапка на смртност на Детска клиника. Но, фактите го говорат спротивното. Животот на секое дете вреди повеќе од сѐ, но за волја на вистината и за правилно информирање сум принуден да објавам официјални статистички податоци од Детската клиника. Сега имаме двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години, односно трипати помала смртност во споредба со пред девет или десет години, кога имало во просек и по девет умирања месечно, т.е. на секој трети ден по еден смртен исход просечно. Во време кога други директоруваа на Детска клиника имаше друга власт во државата. Не смее да дозволиме некои злонамерни поединци да нанесат шетата на угледот на Детска клиника и на целиот персонал кој деноноќно работи најпрофесионално и се грижи за здравјето на сите деца“, кажа Мемеди.

    Изминатиов период имаше три смртни случаи на деца на Клиниката за детски болести. За смртта на 14-месечното девојче Мемеди суспендираше две медицински лица, а за смртта на бебето од Струмица, старо 8 дена, рече дека стручниот надзор не утврдил никакви пропусти при третманот. За случајот со 5-годишното девојче, следната недела го очекува извештајот од стручниот надзор и ќе биде соопштен на јавноста.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира