ПАЛЧО МИ ГО ДАДЕ ПИСМОТО СО СМЕНЕТА ИЗЈАВА ДЕКА НЕ ЈА УБИЛ ВАЊА ДА ГО НАПИШАМ СО МОЈ РАКОПИС, РЕЧЕ КЕШИШЕВ

    ПАЛЧО МИ ГО ДАДЕ ПИСМОТО СО СМЕНЕТА ИЗЈАВА ДЕКА НЕ ЈА УБИЛ ВАЊА ДА ГО НАПИШАМ СО МОЈ РАКОПИС, РЕЧЕ КЕШИШЕВНа прашањето зошто го напишал писмото, Кешишев рече: „Од страв“. (Фото: К. Попов)

    Обвинетиот Влатко Кешишев, на крајот на денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, рече дека писмото кое го поднел до судот со исказот дека првообвинетит Љупчо Палевски-Палчо не ја убил Вања не е негово, туку му го дал Палчо. Кешишев на последното судско рочиште а 20 ноември, во писмо ја смени изјавата дадена во истрагата дека токму Палевски ја убил Вања.

    „Тоа не е моја изјава, ми беше дадена за да ја напишам со мој ракопис“, рече Кешишев денеска во судот.

    На прашање од судијата кој му го дал писмото, Кешишев рече: „Обвинетиот Палчо“. А на прашањето зошто го направил тоа, рече: „Од страв“.

    Кешишев кажа дека писмото со сменета изјава му го дал Палчо додека заедно биле транспортирани во комбе во два наврати на судски рочишта. Писмото преку затворот „Скопје“ во Шутка каде е во притвор, Кешишев на 20 ноември го доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа.

    Обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред денешното судење рече дека нема доказна вредност променетата изјава на Кешишев.

    За киднапирање и свирепо убиство на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира