ВЛАДАТА ЌЕ ПЛАТИ 145.000 ЕВРА НА КИЧЕВСКА МАРКЕТИНГ-ФИРМА ЗА САЕМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕКСПО 2025 ВО ОСАКА

    ВЛАДАТА ЌЕ ПЛАТИ 145.000 ЕВРА НА КИЧЕВСКА МАРКЕТИНГ-ФИРМА ЗА САЕМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕКСПО 2025 ВО ОСАКАИмало само уште една понуда повисока за две илјади евра и се смета како „највисока“ во трката кој да го осмисли претставувањето на меѓународниот саем во Јапонија. (Фото: СДК.МК)

    Маркетинг агенција од Кичево ќе земе од Владата 145.000 евра без ДДВ за осмислување и печатење на материјал за саемско претставување на Македонија на ЕКСПО 2025 во Осака во Јапонија. Во договорот склучен со генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, пишува дека за оваа сума добитникот на тендерот, маркетинг-агенцијата Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БОКС ДИГИТАЛ увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, ќе треба да им одржи и обука на тие што ќе одат во Осака, како и да креираат веб страна која ќе функционира една година по ЕКСПО 2025.

    Во склучениот договор за јавната набавка, не е предвидено на саемот да оди претставник од кичевската маркетинг агенција.

    Според она што може да се прочита од веб-страната, оваа агенција се занимава со дигитален маркетинг, со менаџирање на социјални медиуми, маркетинг консалтинг и графички дигитален дизајн.

    Договорот е склучен на 28.11.2024 година, меѓу Генералниот секретаријат на Владата и фирмата Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БОКС ДИГИТАЛ увоз-извоз ДООЕЛ Кичево. Вредност на понудата е  8.863.000 денари.

    Имало само уште една понуда, од Друштво за глобални комуникации ГРЕЈ – ВОРЛДВАЈД ЛТД ДООЕЛ Скопје. Таа понудила 8.994.370 денари, само две илјади евра повеќе и се смета како „највисока“ од само две понуди на тендерот.

    Одлучиле квалитетот на услугата и цената, пишува во објавата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира