Заврши воената вежба „Мајпл арч24“ која две недели се одржуваше во Македонија. Вежбата е специфична бидејќи за првпат е комбинација со компјутерска симулација, која се одвиваше во Центарот за симулации лоциран во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, и на терен, на полигонот на Криволак.
„Во светот постојат терористи, сајбер закани, земји и актери кои се закануваат на безбедноста на нашите земји и тие не познаваат граници. Со вежба како оваа, ние што го почитуваме светскиот ред, поредок безбедност, не гледаме на граници, туку соработуваме сите заедно, против овие закани“ , кажа Мишел Камерун амбасадорка на Канада.
Вежбата годинава се одржа по 25. пат, носител беше Канада, а организатор Македонија.
„Оваа вежба е доказ дека македонската армија нуди можности и услови за заокружување на целиот процес за извежбување согласно највисоките НАТО Стандарди“, рече Владо Мисајловски, министер за одбрана.
Во вежбата учествуваа 600 припадници на армиите од земји членки на НАТО, како Канада, Македонија, Полска и Литванија и од две партнерски армии Украина и Грузија.
П. ПЕЧКОВ