ГРАДИТЕЛОТ НА ОБЈЕКТОТ ВО СТРУШКАТА ЧАРШИЈА ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ЗА БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ, СТРУЖАНИ БАРААТ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА НЕЗАКОНСКОТО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДБИ

    ГРАДИТЕЛОТ НА ОБЈЕКТОТ ВО СТРУШКАТА ЧАРШИЈА ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ЗА БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ, СТРУЖАНИ БАРААТ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА НЕЗАКОНСКОТО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДБИретходно Основното јавно обвинителство ( ОЈО) Струга оформи предмет за објектот. (Фото: СДК.МК)

    Градителот на објектот во самата струшка чаршија, кој има решение за стопирање на градбата, а издаден е и рок за усогласување на објектот со законот за градење од градителот, заработи кривична пријава за „Бесправно градење“.

    „ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.А.(41) и Л.А.(36), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На локација на улица „Маршал Тито“ во Струга, без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, пријавените започнале со градба на објект за домување со деловни простории. Од извршениот инспекциски надзор извршен од градежна инспекција при општина Струга, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да прекинат со градењето на објектот и во даден рок да се изврши усогласување на градбата со Законот за градење“, велат од СВР Охрид.

    Претходно Основното јавно обвинителство ( ОЈО) Струга оформи предмет за објектот и достави Барање до Градежната инспекција на Општина Струга во рок од три дена да изврши контрола за да утврди какви градежни активности се изведуваат и дали за истите има одобрение.

    Стружанецот, кој случајот го пријави преку алатката Пријави корупција на САКАМДАКАЖАМ.МК, тврди дека градежните активности се изведувале за време на викенди кога надлежните институции не работат оти се гради незаконски и спротивно на Законот за градење. Вели дека е време да се стави крај на незаконското изведување на градби.

    Пратеничката од Левица Јована Мојсоска, која го поднела барањето за вонреден инспекциски надзор на објектот како и барање за изрекување привремени мерки за спречување на кривично дело Бесправно градење до ОЈО Струга вели дека доколку не запрат градежните активности овој случај ќе покаже дека се работи за системска корупција.

    Според член 244-а од Кривичниот законик – Бесправно градење (1) Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од три до осум години.

    С. ВРЕНЦОВСКА


     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира