ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД КОЧАНИ ОДНЕСЕ ПОМОШ ЗА ЧОВЕКОТ КОЈ НА 112 ПРИЈАВИ ДЕКА ТРИ ДЕНА Е ОСТАВЕН БЕЗ ХРАНА

    ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД КОЧАНИ ОДНЕСЕ ПОМОШ ЗА ЧОВЕКОТ КОЈ НА 112 ПРИЈАВИ ДЕКА ТРИ ДЕНА Е ОСТАВЕН БЕЗ ХРАНАЦрвениот крст дома кај лицето однесе два хуманитарни пакети со конзервирана храна. (Фото: Црвен крст)

    Службите на Црвен крст од Кочани утрово однесоа помош до Ванчо Димитров, неподвижен човек во селото Видовиште откако тој вчера самиот се пријавил на бројот за итни случаи 112 дека е во многу лоша здравствена состојба и три дена е без храна. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) го пријавија случајот, но неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат.

    Црвениот крст кај Димитров дома однесе два хуманитарни пакети со конзервирана храна.

    „Ванчо Димитров е наш корисник и е забележано во евиденцијата на општинската организација како лице од социјален ризик. Притоа, повремено лицето се опслужува со хуманитарни пакети со храна. Последен пат лицето беше посетено на 26.11.2024 година при што му беше доставен хуманитарен пакет. Денешната дистрибуција е втора по ред во период од две седмици. Црвен крст Кочани за конкретниот случај досега неколкупати интервернираше до ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани за хоспитализација на пациентот во здравствената установа. Од нивна страна секогаш е одговорено позитивно и лицето неколкупати беше медицински згрижено во здравствената установа“, соопшти Црвениот крст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира