ЗАЕВ ЗА СУДСТВОТО НАЈАВУВАШЕ МЕТЛА, А МИЦКОСКИ Е СО УШТЕ ПОВОЕНА РЕТОРИКА И НАЈАВУВА САБЈА, КАЖА КАЛАЈЏИЕВ ЗА ПОДЕЛБАТА НА ВЛАСТА ШТО НЕ ЗАЖИВЕА НИКОГАШ

    ЗАЕВ ЗА СУДСТВОТО НАЈАВУВАШЕ МЕТЛА, А МИЦКОСКИ Е СО УШТЕ ПОВОЕНА РЕТОРИКА И НАЈАВУВА САБЈА, КАЖА КАЛАЈЏИЕВ ЗА ПОДЕЛБАТА НА ВЛАСТА ШТО НЕ ЗАЖИВЕА НИКОГАШПрославата на 30-годишнината на Хелсиншкиот комитет почна во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ (Фото:К.Попов)

    На Денот на човековите права, денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи во Македонија го одбележува 30-годишното постоење.

    Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска кажа дека во Комитетот работат луѓе кои се мотивирани и се борат за каузата за заштита на човечките права и оти всушност тие се Хелсиншкиот комитет за човекови права. Но и дека преку своето постоење и дејствување, оваа невладина организација успеа да ги загатне точно оние сегменти кои ги засегаат човековите права.

    Претседателката Неда Здравева рече дека Хелсиншки успеа да обезбеди бесплатна правна помош на повеќе од 1.000 граѓани во последните четири години, да регистрира илјадници примери на говор на омраза во општеството, да напише стотици соопштенија, да ја формира, чува и држи локацијата во тајност на Сигурната куѓа која згрижи толку многу жртви на разно насилство.

    „Не успеавме да ја убедиме јавноста дека е лошо судии да кријат предмети во фиоки, а не полуголи задници на парада. Дека е добро жените да пријавуваат силување, а дека не е добро да се прави реконструкција на чин на силување на барање на обвинител. Но, неуспесите се наш поттик за понатаму“, рече Здравева.

    Од поранешните претседатели на Комитетот, зборуваше и професорот Гордан Калајџиев, кој изрази жалење дека не заживеа поделбата на власта во Македонија.

    „Од посвежите примери, претходниот премиер Зоран Заев агресивно најавуваше метла во третата власт, судството. Овој новиов Мицкоски употреби повоинствена реторика, најавувајќи сабја за судството, итн“, кажа Калајџиев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира