МРСНА ДАМКА ПЛИВА ПРЕД ХОТЕЛОТ „ПАЛАС“ ВО ОХРИД

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МРСНА ДАМКА ПЛИВА ПРЕД ХОТЕЛОТ „ПАЛАС“ ВО ОХРИД

    На делот од крајбрежјето, веднаш до помошното пристаниште пред хотелот „Палас“во Охрид денес во водата на Охридското езеро се појави мрсна дамка. Не се знае дали е од испуштена нафта или од моторно масло кое доаѓа преку канализацијата, оти такви случаи досега имаше повеќе.

    Надлежните инспекциски служби денес сѐ уште молчат за ова загадување.

    Жителите што живеат во овој крајбрежен појас на Охрид велат дека во овие зисмки денови кајчари нема, бидејќи нема кого да превезуваат. Тоа значи, велат тие, дека мрсната дамка не е испуштена од некој мотор од кајчарите или од другите пловни објекти.

    Надлежните инспекциски служби денес сѐ уште молчат за ова загадување (Фото: СДК.МК)

    Надлежните инспекциски служби денес сѐ уште молчат за ова загадување (Фото: СДК.МК)

    „Претпоставка е дека мрсната дамка доаѓа од канализацијата во која неретко се испушта моторно масло, или пак тоа го направил некој намерно, за што постои мала веројатност. Секоја намерна атака врз екосистемот на Езерото на овој фрекфентен дел од крајбрежјето би била забележана и тешко е да се поверува дека тоа би го направил поединец, или некоја група луѓе”, велат жителите од овој дел на Охрид.

    Еколошката организација Охрид СОС денес на својата фејсбук страница постави саркастичен коментар во кој меѓу другот се вели:

    „Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи ко нашава шо од досада еко спинови прават само и еколози изиграваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве шо го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шала”, пишува Охрид СОС.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира