Премиерот Христијан Мицкоски вели дека македонската влада веќе започнала преговори со три моќни европски држави за доизградба на Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево.
Тој најави дека со овие, како што кажа, европски водечки земји се преговара Клиничката болница во Штип да се доизгради и најсовремено опреми, а исто тоа важи и за болницата во Кичево.
„По принципот разговори и договори ‘Влада со Влада’ планираме да ги доизградиме овие здравствени објекти мошне важни и за двата региона. Затоа во преговори сме со три водечки држави во Европа чии тимови веќе работат на овие проекти и ги утврдуваат состојбите со овие капитални инвестиции“, вели Мицкоски кој рече дека не е тајна дека една од тие земји е Франција.
Мицкоски денеска беше на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци, Општина Карбинци.
Т. ЈОВАНОВСКИ