ЗА ИЗДАВАЊЕ СТАНОВИ И ВИКЕНДИЦИ НА НЕКОЛКУ ДЕНА МОРА ДА СЕ ПЛАТИ ДАНОК, ВЕЛАТ ОД УЈП

    ЗА ИЗДАВАЊЕ СТАНОВИ И ВИКЕНДИЦИ НА НЕКОЛКУ ДЕНА МОРА ДА СЕ ПЛАТИ ДАНОК, ВЕЛАТ ОД УЈПОва се однесува на издавање преку платформи како „Ербиенби“, „Букинг“, „Фејсбук“, „Кајак“ и други. (Фото: К. Попов)

    За издавање станови на неколку дена треба да се пријави остварениот доход и да се плати данок. Од Управата за јавни приходи (УЈП) велат дека физичките лица кои издаваат недвижни имоти како станови, вили, викендички, апартмани или соби за краток престој, не подолг од 31 ден во месецот, особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „Е-Даночни услуги“ да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како „Ербиенби“, „Букинг“, „Фејсбук“, „Кајак“ и други.

    Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што се остварува намален за износот на следниве нормирани трошоци, 10% од износот на доходот за неопремен простор и 15% од износот на доходот за опремен простор“, велат од УЈП.

    Пријавувањето на доход од издавање на недвижен имот се врши задолжително до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање. Пријавата заедно со соодветни докази се поднесува електронски (е-ППД) преку системот „Е-Даночни услуги“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира