Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија мора да биде подготвена да се спротивстави на какви било хибридни напади од Русија, кои вклучуваат кампањи на социјалните мрежи дизајнирани да им помогнат на екстремните десничарски и популистички партии.
„Путин се вклучува во хибридни напади, а Германија е особено во фокусот“, изјави Писториус во интервју. „Тој добро нè познава, Путин знае да нè закачи“, додаде министерот за одбрана, социјалдемократ. „Игнорирањето на оваа закана бидејќи ни е непријатно нема да ја направи помала, туку поголема“.
Хибриден напад е вид на сајбернапад со кој злонамерен актер користи повеќе од една алатка за да влезе во уред или мрежа или да изврши некој друг вид напад.
Писториус посочи дека нападите се однесуваат на инфраструктурата на Германија, снабдувањето со енергија, активностите во Северното и Балтичкото Море, како и за прекршување на воздушниот простор.
„Има кампањи на социјалните медиуми, мешање во изборните кампањи и финансирање на гласови, како што се [екстремно десничарската Алтернатива за Германија] АфД и [популистичката алијанса Сахра Вагенкнехт] БСВ, кои тврдат дека не се работи за наша заштита туку дека одиме кон војна со Русија“, изјави Писториус.
Дел од стратегијата на Путин е да го вознемири и подели нашето општество, рече Писториус. „Мораме да направиме се што можеме за да ја спречиме стратегијата на Путин да успее“, рече тој.