Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов е дел од листата Топ 25 за 2025 година во категоријата бизнисмени, подготвена од регионалната медиумска мрежа „Блумберг Адриа“.
Листата Топ 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина (БиХ). Изборот е направен во вкупно пет категории, компанија, бизнисмен, визија, идеја и влијание. Клучен критериум за номинациите се постигнувањата на поединците, визионерите и на компаниите, чии достигнувања и идеи ја обележаа 2024 година, како и нивното потенцијално влијание во годините што следуваат.
„Ова е уште едно признание за успешното работење на компанијата која со својата посветеност за одржлив развој, општествено одговорно однесување, иновации и поставување нови стандарди продолжува цврсто да го трасира патот кон глобален раст и визија за создавање одржлива иднина“, велат од „Алкалоид“.