Кинески хакер спонзориран од државата упаднал во системите на американското Министерство за финансии, пристапувајќи до работните станици на вработените и некои некласифицирани документи, соопштија американските власти.
Упадот се случил на почетокот на декември и беше јавно објавено во писмо напишано од Министерството за финансии до пратениците во кое ги известија за инцидентот. Американската агенција го окарактеризира прекршувањето како „голем инцидент“ и рече дека соработувала со ФБИ и други агенции за да го истражат случајот.
Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон за Би-Би-Си рече дека обвинението е дел од „напад на оцрнување“ и е изнесено „без никаква фактичка основа“.
Заедно со ФБИ, се работи со Агенцијата за сајбер-безбедност и инфраструктурна безбедност и со трети лица форензичари за да го утврдат целокупното влијание на нападот.
Врз основа на доказите што ги има собрано досега, официјалните лица рекоа дека хакирањето се чини оти го извршил сторител со седиште во Кина.
Сомнителната активност првпат била забележана на 2 декември, но биле потребни три дена да се утврди дека е хакирање.
Портпаролот додаде дека хакерот можел далечински да пристапи до неколку работни станици за корисници на Министерството за финансии и одредени некласифицирани документи што ги чувале тие корисници.
Како шпионски агенти, се верува дека хакерите барале информации, наместо да се обидуваат да украдат пари. Портпаролот на кинеската амбасада Лиу Пенгју го негираше извештајот.
„САД треба да престанат да ја користат сајбер безбедноста за да ја оцрнуваат и клеветат Кина и да престанат да шират секакви видови дезинформации за таканаречените кинески хакерски закани“, рече Пенгју.