ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ КОАЛИЦИСКА ВЛАДА ВО АВСТРИЈА, ЛИБЕРАЛИТЕ СЕ ПОВЛЕКОА

    ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ КОАЛИЦИСКА ВЛАДА ВО АВСТРИЈА, ЛИБЕРАЛИТЕ СЕ ПОВЛЕКОАЛидерката на Неос, Беате Мајнл-Рајзингер, објави дека нејзината партија нема да продолжи со разговорите (Фото: Неос)

    Пропаднаа преговорите за формирање нова трипартиска влада во Австрија откако најмалиот потенцијален коалициски партнер се повлече од разговорите.

    Преговорите се одолжија откако австрискиот претседател Фан дер Белен му го додели мандатот за формирање влада на актуелниот канцелар Карл Нехамер во октомври. Ваквата одлука уследи откако сите партии одбија соработка со крајнодесничарската Партија на слободата, која во септември за првпат победи на парламентарните избори.

    Нехамер, кој е лидер на Народната партија, се обидуваше да состави влада заедно со Социјалдемократите и либералната партија Неос. Сепак, лидерката на Неос, Беате Мајнл-Рајзингер, денеска го извести Фон дер Белен дека нејзината партија нема да продолжи со разговорите зашто не успеале да постигнат договор за „фундаментални реформи“.

    Засега е нејасно што ќе се случи следно.

    Народната партија и Социјалдемократите владееја заедно во минатото, но сега го имаат најмалото можно мнозинство во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира