ЧЕТИРИ КАФЕАНИ СЕ ЗАТВОРЕНИ, А 36 СЕ КАЗНЕТИ ЗА НЕИЗДАВАЊЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ НА НОВОГОДИШНИТЕ ЖУРКИ

    ЧЕТИРИ КАФЕАНИ СЕ ЗАТВОРЕНИ, А 36 СЕ КАЗНЕТИ ЗА НЕИЗДАВАЊЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ НА НОВОГОДИШНИТЕ ЖУРКИУЈП во периодот од 14 до 31 декември низ цела земја изврши контроли во 407 објекти. (Фото: К. Попов)

    За време на предновогодишните и новогодишните прослави, 54 угостителски објекти се казнети од Управата за јавни приходи (УЈП) поради прекршувања на законот. Четири угостителски објекти се затворени за Нова година и не смеат да работат 15 дена поради повторување на наод за неиздавање на фискални сметки во рок од две години.

    Како што велат од УЈП, во периодот од 14 до 31 декември низ целата земја се извршени контроли во 407 објекти.

    „Неправилност е констатирана кај 54 од контролираните објекти, од нив  кај 36 обврзници бил констатиран прекршок согласно член 21-б од Законот за регистрирање на готовинските плаќања, за неиздавање фискални сметки за извршениот промет. Кај 13  бил констатиран прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања, доколку не води книга за дневни финансиски извештаи и пет други казни“, велат од УЈП.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира