5-МЕСЕЧНА ГОРИЛА ПРОНАЈДЕНА ВО АВИОН НА „ТУРКИШ ЕРЛАЈНС“ НА ЛЕТ ОД НИГЕРИЈА ЗА ТАЈЛАНД

    5-МЕСЕЧНА ГОРИЛА ПРОНАЈДЕНА ВО АВИОН НА „ТУРКИШ ЕРЛАЈНС“ НА ЛЕТ ОД НИГЕРИЈА ЗА ТАЈЛАНДБебето горила го доби името Зејтин и се опоравува во зоолошката градина во Истанбул. (Фото: АП)

    Петмесечна горила била пронајдена во кутија во „ Туркиш ерлајн“ на летот од Нигерија преку Истанбул до Тајланд минатиот месец. Официјални лица соопштија дека бебето горила се опоравува во Зоолошката градина во Истанбул, додека  експерти за заштита на дивиот свет размислуваат да го вратат во неговото природно живеалиште.

    По јавен конкурс, тој е именуван Зејтин (маслинка на турски јазик), и се опоравува во Зоолошката градина Полонезкој.

    „Се разбира, она што го сакаме и посакуваме е бебето горила  да го продолжи својот живот во својата татковина“, рече Фахретин Улу, регионален директор на Истанбулскиот центар заштита на природата и националните паркови.

    По неколку недели откако беше пронајден, Зејтин ја зголеми килажата и покажува знаци на опоравување од трауматичното патување.

    „Кога првпат дојде, беше многу срамежлив, седеше само таму каде што ќе го оставиме. Сега ја нема таа срамежливост. Тој дури и не се грижи многу за нас, сам игра игри“, вели ветеринарот Гулфем Есмен.

    И двата вида горила – западните и источните горили, кои ги населуваат оддалечените шуми и планини во централна Африка – се класифицирани како загрозени од Меѓународната унија за заштита на природата.

    Бидејќи Истанбул се појавува како главен воздушен центар меѓу континентите, царинските службеници сè повеќе пресретнуваат животни со илегална трговија. Во октомври, 17 млади нилски крокодили и 10 гуштери беа пронајдени во багажот на египетски патник на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира