РАКОМЕТАРИТЕ РЕМИЗИРАА СО ФАВОРИТОТ УНГАРИЈА НА СТАРТОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ РЕМИЗИРАА СО ФАВОРИТОТ УНГАРИЈА НА СТАРТОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОАмбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер со сопругот Брајан ја бодреа македонската репрезентација заедно со претседателот на РФМ Живко Мукаетов.(Фото: Икс- Амбасада на САД)

    Машката ракометна репрезентација имаше сензационален старт на своето деветто светско првенство, а седмо по ред. Во првото коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, Македонија во Вараждин ремизираше со фаворитот Унгарија со 27:27, но има право да жали и за подобар резултат.

    Избраниците на Кире Лазаров одиграа одлично прво полувреме. И покрај раниот минус од три гола, успеаја да се кренат и во еуфоричен налет да поведат со 10:6 во 16. минута. Позитивниот резултат се одржуваше до последната минута од полувремето, кога Унгарија израмни на 14:14.

    Македонија продолжи бестрашно да му парира на големиот противник и во второто полувреме, немаше ниеден играчки или физички пад во нашата игра и во последната минута од мечот влеговме со гол предност и напад. Тоа не беше искористено за да се завери победата, туку Унгарија успеа да се избори за реми и бод.

    За два дена Македонија ќе игра против Холандија, а првата фаза завршува со дуелот со Гвинеја на 19 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира