11-ГОДИШНИК ПАДНА ОД ТРЕТ КАТ ОД ШКОЛО ВО ПРИЛЕП, СОСТОЈБАТА МУ Е СТАБИЛНА

    11-ГОДИШНИК ПАДНА ОД ТРЕТ КАТ ОД ШКОЛО ВО ПРИЛЕП, СОСТОЈБАТА МУ Е СТАБИЛНАСпоред СВР Битола, малолетникот паднал од трет кат од основното училиште во кое учел во Прилеп. (Фото: Фејсбук)

    Единаесетгодишник од Прилеп вчера паднал од третиот кат на Основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп и е задржан на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Неофицијално, на момчето му се слошило за време на одморот меѓу часовите и паднало кога отворило прозор за да земе воздух.

    Директорот на Клиниката, д-р Лазо Јовчески, ни рече дека момчето е во стабилна општа состојба и е вон животна опасност. Има скршени петици, отоци и повреди на пршлените.

    „На 20.01.2025 во 15.01 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 11-годишник од Прилеп. Според пријавеното, малолетникот паднал од трет кат од основното училиште во кое учел во Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од СВР Битола.

    Од Училиштето рекоа дека ќе испратат соопштение во текот на денот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира