ШВАЈЦАРСКИТЕ НОЌНИ КЛУБОВИ ЈА ПОВИКАА ВЛАДАТА ДА ИМ ПОМОГНЕ ПОРАДИ НАМАЛЕНИОТ ПРОФИТ, МЛАДИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ

    ШВАЈЦАРСКИТЕ НОЌНИ КЛУБОВИ ЈА ПОВИКАА ВЛАДАТА ДА ИМ ПОМОГНЕ ПОРАДИ НАМАЛЕНИОТ ПРОФИТ, МЛАДИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛМногу млади на возраст од 18 до 24 години или пијат алкохол еднаш неделно или воопшто не пијат алкохол (Фото: Иамекспат)

    Баровите и ноќните клубови во Швајцарија имаат финансиски проблеми бидејќи младите пијат помалку алкохол. Еден извештај покажа дека продажбата по човек опаднала за 40% од 2018 до 2023. За првпат, потрошувачката на пиво паднала под 50 литри по лице за една година.

    Многу млади на возраст од 18 до 24 години или пијат алкохол еднаш неделно или воопшто не пијат, покажа истражувањето на Федералниот завод за статистика (FSO).

    Некои од индустријата ја повикаа швајцарската влада да се вклучи и да обезбеди субвенции за да го одржи швајцарскиот ноќен живот. Истражувањата на Комисијата за барови и клубови покажаа дека 60 отсто од приходите на ноќните клубови и 85 отсто од профитот на баровите доаѓаат од продажбата на пијалаци. Иако побарувачката за безалкохолни пијалаци се зголемува, тоа не може да го надомести изгубениот приход.

    Повикот за поголемо вклучување на државата во угостителската индустрија не беше добро беше пречекан во парламентот, а некои пратеници го нарекоа „луда идеја“.

    „Мислам дека е погрешно да се промовира и субвенционира културата на ноќниот живот преку зголемено пиење алкохол. Како доктор, за мене тоа е прилично авантуристичка идеја“, рече Бетина Балмер, која е член на Слободната демократска парија на Швајцарија.

    Националниот советник од Партијата на зелените, Катарина Прелич-Хубер, рече дека клубовите и баровите треба да добијат субвенции, но само ако тие навистина направат нешто за културата.

    „На пример, би требало да им понудат на бендовите платформа да промовираат уметност“, рече Хубер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира