УАПСЕНИ УШТЕ ЧЕТВОРИЦА ЗА ТЕРОРИЗАМ, ИМАЛЕ НАБАВЕНО УПАТСТВА ЗА ИЗРАБОТКА НА ИМПРОВИЗИРАНИ БОМБИ

    УАПСЕНИ УШТЕ ЧЕТВОРИЦА ЗА ТЕРОРИЗАМ, ИМАЛЕ НАБАВЕНО УПАТСТВА ЗА ИЗРАБОТКА НА ИМПРОВИЗИРАНИ БОМБИУапсените ширеле пропаганден материјал на платформата Телеграм. (архивска фотографија)

    Нови четири лица добија 30-дневен притвор откако претходно беа уапсени од полицијата под сомнение дека сториле кривично дело Терористичка организација. Како што велат од МВР, намерата им ила извршување на терористички акт на цивилни или така наречени меки цели односно јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните и за таа цел набавиле упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи.

    „Ќелијата делувала од позиција на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС и за остварување на намерата првопријавениот формирал повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм, во кои што споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе ги искористат за извршување на терористички напади. Останатите членови биле дел од Tелеграм групите, каде што се споделувале преведени материјали кои претходно биле преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС“, велат од МВР.

    При претресите во Скопје и Гостивар пронајдени и одземени се повеќе предмети меѓу кои автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети кои ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења.

    Од обвинителството велат дека акцијата е резултат на преземените дејствија на Лабораторијата за дигитална форензика при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде се откриени повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм во кои осомничените споделувале претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови.

    Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичка организација.

    Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

    Во декември, уапсени беа други четворица осомничени од Струга и Гостивар за истото кривично дело.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира