15-ГОДИШНО ДЕТЕ ОД СЕЛОТО КРАПА Ѝ ИЗБЕГАЛО НА МЕЧКА, СЕЛАНИТЕ ВЕЛАТ МЕЧКИТЕ СЕ СИМНУВААТ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ТРЛАТА

    15-ГОДИШНО ДЕТЕ ОД СЕЛОТО КРАПА Ѝ ИЗБЕГАЛО НА МЕЧКА, СЕЛАНИТЕ ВЕЛАТ МЕЧКИТЕ СЕ СИМНУВААТ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ТРЛАТАНа бројот за итни случаи 112 во ЦУК вчера е добиена пријава дека во период од 18.15 до 20.15 часот во атарот на с.Крапа, возрасна мечка следела и гонела малолетно дете. (Фото: Архива на СДК.МК)

    Мечка следела и гонела 15-годишно дете кое упеало да избега, не било директно нападнато и не било повредено, иако паднало при бегањето кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома во селото Крапа во Општина Македонски Брод, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    На бројот за итни случаи 112 во ЦУК вчера е добиена пријава дека во период од 18.15 до 20.15 часот во атарот на с.Крапа, возрасна мечка следела и гонела малолетно дете.

    „Покрај известувањето од пријавата на 112, ЦУК доби дополнителни информации за опасноста од мечката, односно мечките, од 61-годишниот родител – татко на детето, којшто искажа голема вознемиреност и страв за животот на децата заради опасниот последен настан кога мечка го гонела неговиот помал син. Притоа, тој информираше дека во последната година зачестиле средбите со мечки, односно дека сѐ почесто ги гледаат околу нив. Конкретно, пред еден месец мечка им грабнала една заостаната овца при движење на стадото и ја изела. Тоа го утврдиле на теренот, според пронајдените остатоци од исчезнатата овца и траги, а и измет, од мечката којашто тие ја именуваат како ‘мршарка’ (којашто јаде месо од угинати животни, но и од животни коишто ќе успее да ги фати, улови)“, вели ЦУК.

    Семејството рекло дека околу нивното стадо од 300 овци во многу наврати, мечка или повеќе мечки во последната година, а особено во време на последниот еден месец, биле спуштени во понискиот предел во ливадите кон селото Зрзе, но во правец повеќе на село Дебреште близу меѓуопштинската граница со Општина Прилеп, а сепак на територија на Општина Македонски Брод.

    Според трагите и лаењето на кучињата од селото Крапа, мечката или мечките се движеле и кружеле сѐ почесто и сѐ поблиску до селото, а секако и до и околу трлата со добиток.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира