ДЕСЕТИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ЗА ВОЗРАСНИ ВО ШВЕДСКИОТ ГРАД ЕРЕБРО, МОТИВОТ НЕ Е ПОЗНАТ

    ДЕСЕТИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ЗА ВОЗРАСНИ ВО ШВЕДСКИОТ ГРАД ЕРЕБРО, МОТИВОТ НЕ Е ПОЗНАТПолицијата верува дека и осомничениот напаѓач е меѓу мртвите (Фото: АП)

    Шведската полиција потврди дека околу десет луѓе се убиени во денешното пукање во школо во градот Еребро.

    Засега не можеме да кажеме попрецизно од ова. Во моментов се идентификуваат жртвите“, изјави шефот на локалната полиција Роберто Еид Форест.

    Полицијата верува дека и осомничениот напаѓач е меѓу мртвите. Запрашан дали тој се самоубил, Форест кажа дека засега ја нема таа информација. Шведските медиуми претходно објавија дека напаѓачот е 35-годишен маж.

    Веруваме дека напаѓачот делувал сам. Тој не ѝ бил познат на полицијата пред денешното пукање, немал врски со банди и не веруваме дека тероризмот е мотив на нападот“, изјави Форест.

    Нападот се случи околу 13 часот во школото за возрасни „Рисбергска“ во рамките на кампус, во кој се наоѓаат и други училишта.

    Ова е ужасен инцидент, ноќна мора. Не можам да кажам ништо за оружјето што било користено во нападот, освен дека е огнено оружје“, кажа Форест.

    Властите кажаа дека шест лица се примени во болница и меѓу нив нема деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира