МИЛАНСКА СКАЛА ИЗЛОЖИ ФОТОГРАФИИ ОД ЗАД СЦЕНАТА ВО ЧЕСТ НА СВОЈОТ БАЛЕТСКИ АНСАМБЛ

    МИЛАНСКА СКАЛА ИЗЛОЖИ ФОТОГРАФИИ ОД ЗАД СЦЕНАТА ВО ЧЕСТ НА СВОЈОТ БАЛЕТСКИ АНСАМБЛПокрај фотографиите на Уфера, има и скулптури од бела хартија на балетски костими. (Фото: АП)

    „Скриен поглед на танцот зад завесата“ е насловена изложбата на фотографии од балетски претстави во Скала во Милано. Фотографот Жерар Уфера доби целосен пристап зад сцената во текот на изминативе шест години, за да направи серија емотивни, искрени портрети кои се дел од новата изложба што ќе трае до 14 септември. Фотографиите ќе бидат објавени и во книга.

    Генералниот директор на Скала, Доминик Мејер, вели дека станува збор за ретка изложба, со оглед на тоа дека Скала најчесто се поврзува со операта. Поставката, меѓудругото, потенцира дека балетот е дел од мисијата на театарот од неговото основање.

    Изложбата ќе трае до 14 септември. (Фото: АП)

    Мануел Легри, директор на Балетот на Скала, вели дека му дал на Уфера целосна слобода да се движи зад сцената и во салите за проби за „да ги улови посебните моменти“. Насловната фотографија е со балерина како ѕирка од зад завесата на сцената, потсетувајќи на делата на францускиот импресионист Едгар Дега.

    Уфера со постерот за изложбата. (Фото: АП )

    „Вашата работа ја оживува нашата уметност“, му вели Легри на Уфера во видеото што е дел од поставката.

    Покрај фотографиите, кои се црно-бели и во боја, има и скулптури од бела хартија на балетски костими од Катерина Крепакс, како и лелеави здолништа од романтичната ера, сѐ до посовремени кратки фустани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира