ЌЕ СЕ ГРАДИ 7-КАТНИЦА НА МЕСТОТО НА НЕКОГАШНАТА СЕНДВИЧАРА „КИНГ БУРГЕР“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    ЌЕ СЕ ГРАДИ 7-КАТНИЦА НА МЕСТОТО НА НЕКОГАШНАТА СЕНДВИЧАРА „КИНГ БУРГЕР“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕГрадежната дозвола од Општина Центар е издадена на 14 ноември 2024 и според неа, ќе се гради станбена зграда на приземје, шест ката и поткровје. (Фото: СДК.МК)

    Деновиве се урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе се гради зграда на седум ката. Градилиштето е веќе оградено и поставена е табла на која стојат податоци за градбата. Градежната дозвола од Општина Центар е издадена на 14 ноември 2024 и според неа, ќе се гради станбена зграда на приземје, шест ката и поткровје.

    Сендвичарата „Кинг бургер“ пред дваесетина години беше меѓу најпопуларните места за брза храна во Скопје. Откако беше затворена, со години објектот стоеше празен и запуштен. Пред неколку години во напуштениот објект него изби пожар.

    Од Општината велат дека градежната парцела е дел од Деталниот урбанистички план за градска четврт Ц 04, Дом на градежници, донесен на 28 јануари 2021.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира