ШПАНСКИОТ ГРАД КОРУЊА „ПОСВОИ“ ДВАЈЦА МИГРАНТИ КОИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА СПРЕЧАТ УБИСТВО НА ХОМОСЕКСУАЛЕЦ ВО 2021

    ШПАНСКИОТ ГРАД КОРУЊА „ПОСВОИ“ ДВАЈЦА МИГРАНТИ КОИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА СПРЕЧАТ УБИСТВО НА ХОМОСЕКСУАЛЕЦ ВО 2021Ибрахима Дијак и Магате Н‘Дијае добија статус на „посвоени синови на градот“ на церемонија во градското собрание

    Шпанскиот град Коруња им оддаде признание на двајца бегалци од Сенегал кои се обиделе да спречат убиство на хомосексуалец од страна на хомофобична толпа. Ибрахима Дијак и Магате Н‘Дијае добија статус на „посвоени синови на градот“ на церемонија во градското собрание.

    Во јули 2021, тие биле единствените кои интервенирале кога Самуел Луис бил нападнат и удиран од група мажи пред ноќен клуб во Коруња. Дваесет и четиригодишниот Луис подоцна им подлегнал на повредите во болница.

    Градоначалничката на Коруња Ињес Реј кажа дека двајцата мигранти реагирале како вистински алтруисти. Снимки од ноќта на инцидентот покажаа како други луѓе само стојат отстрана и снимаат со мобилни телефони, додека само Дијак и Н‘Дијае се обидуваат да му помогнат на Луис.

    Овие двајца нерегистрирани мигранти биле единствените кои физички ризикувале за да ѝ помогнат на жртвата, што ни остава многу простор за размислување“, изјави Реј.

    Дијак и Н‘Дијае во тоа време живееле во градот без документи и имале нередовна работа, поради што ризикувале да бидат уапсени и депортирани.

    Ние не сме херои, само го направивме она што моравме да го направиме“, изјави Н‘Дијае.

    Четворица мажи беа прогласени за виновни за убиството на Луис и добија затворски казни меѓу 10 и 24 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира