КИЕВ НАПАДНАТ СО РЕКОРДЕН БРОЈ ДРОНОВИ, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ

    КИЕВ НАПАДНАТ СО РЕКОРДЕН БРОЈ ДРОНОВИ, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИДорновите предизвикаа пожари во висококатници низ Киев, соопштија, украинските власти. (Фото: Телеграм)

    Руските сили ја нападнаа Украина минатата ноќ со рекордни 147 камиказе дронови од типот „Шахед“, соопшти на „Телеграм“ украинското воено воздухопловство, додавајќи дека 97 од нив биле соборени од противвоздушната одбрана на земјата.

    Уништените беспилотни летала биле пресретнати на југот, северот, западот и во центарот на земјата.

    Покрај тоа, додаваат оттаму, 25 непријателски мамки-дронови паднале на отворени подрачја.

    Нападот со дронови ги погоди регионите на Киев, Харкив, Суми, Чернихив, Одеса и Доњецк.

    Во нападот со дронови на Киев загинаа најмалку три лица, меѓу кои и 5-годишно дете, а беа предизвикани пожари во висококатници низ целиот главен град, соопштија рано во неделата украинските официјални лица.

    „Масовен непријателски напад со дронови на Киев“, објави градоначалникот Виталиј Кличко на „Телеграм“.

    САД притискаат за мировен договор меѓу Украина и Русија и се надеваат дека двете страни ќе се согласат за делумно примирје кое што ќе ги запре нападите врз енергетската инфраструктура.

    Но, двете страни известуваат за континуирани напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира