УАПСЕНИ ПОРАНЕШНИТЕ МИНИСТРИ БЕКИМ НЕЗИРИ И ВАЉОН САРАЧИНИ ОД ДУИ, ШАБАН САЛИУ ОД ДЗС И УШТЕ 20-ИНА НОВИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА КАТАСТРОФАТА ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“

    УАПСЕНИ ПОРАНЕШНИТЕ МИНИСТРИ БЕКИМ НЕЗИРИ И ВАЉОН САРАЧИНИ ОД ДУИ, ШАБАН САЛИУ ОД ДЗС И УШТЕ 20-ИНА НОВИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА КАТАСТРОФАТА ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“Досега за трагедијата беа осомничени 27 физички и 3 правни лица, а вчера на сите физички лица притворот и куќниот притвор им е продолжен за нови 30 дена. (Фото: СДК.МК)

    По наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 61 лице. Над 200 се повредени, од кои има и такви кои се во критична состојба сè уште.

    По претходните 30, истрагата сега се проширува за над 23 нови осомничени, а меѓу нив се поранешниот министер за економија Беким Незири, кој пред две години влезе во МНАВ и истепа контролор на летање, потоа долгогодишниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор Шабан Салиу, Ваљон Сарачини – поранешен министер за економија, и други.

    Наводно осомничен е и Дритон Кучи, поранешен министер за економија, кој во моментов е амбасадор на Македонија во Норвешка. Уапсен бил и актуелниот директор на ДЗС Џеват Селами, но како и за претходните имиња, така и за него Обвинителството вели дека официјални информации ќе има во текот на денот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира