МСУ ДОБИ 94 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА, ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ СЕ ЗА ТВОРЕШТВАТА НА ЖИВКО ПОПОВСКИ, ЈОРДАН И ИСКРА ГРАБУЛОСКИ, БЛАГОЈА МАНЕВСКИ

    МСУ ДОБИ 94 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА, ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ СЕ ЗА ТВОРЕШТВАТА НА ЖИВКО ПОПОВСКИ, ЈОРДАН И ИСКРА ГРАБУЛОСКИ, БЛАГОЈА МАНЕВСКИДиректорот Топузовски (десно) со дел од тимот на МСУ на денешната средба со новинарите. (Фото: МСУ)

    Архитектонска изложба за творештвото на Живко Поповски, истражувачки проекти за 40-годишно творештво на Благоја Маневски и на Јордан и Искра Грабулоски, се дел од проектите за кои Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје годинава доби пари од Министерството за култура и туризам.

    Министерството годинава за првпат додели делегиран буџет на 18 национални установи, а МСУ доби 5.842.370 денари (околу 94.500 евра), рече денеска директорот Тихомир Топузовски.

    Во годишната програма се вклучени 26 проекти: 11 проекти се од музејска дејност и заштиа на нематеријалното културно наследство, 12 проекти се од областа на визуелна уметност и архитектура, 1 проект од областа на меѓународна дејност-вмрежување со сродни институции, 1 проект од областа литература и издавачка дејност и 1 проект од областа на инвестициско одржување и адаптација.

    Меѓу уметниците кои ќе изложуваат се Ибрахим Мајама, Џем А., Оливер Мусовиќ, а ќе има и 3 групни меѓународни изложби: „Сѐ што ни е заедничко“, „Земјата која се промислува постојано – креативен геофилозофски патопис“ и реципроцитетната изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“.

    Топузовски кажа дека и годинава продолжуваат турите како Музејски водич, Тура на инклузивноста и Современа уметност на сите, како и дека со музејските тури се зголемила посетеноста на Музејот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира