БАРДЕЛА ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА АКО ЛЕ ПЕН ИМА ЗАБРАНА ДА УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА ВО 2027

    БАРДЕЛА ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА АКО ЛЕ ПЕН ИМА ЗАБРАНА ДА УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА ВО 2027Марин Ле Пен доби судска забрана да врши јавна функција пет години по пресудата дека е виновна за корупција. (Фото: АП)

    Жордан Бардела планира да биде претседателски кандидат на француската екстремна десница „Национален собир“ во 2027 година, ако на лидерката на партијата Марин Ле Пен ѝ биде забрането да се кандидира, изјави тој за весникот „Паризјен“. На Ле Пен (56), која трипати се кандидираше за претседателка и беше фаворитка за изборите, ѝ беше забрането да врши јавна функција пет години, откако судот во март ги прогласи за виновни неа и некои членови на нејзината партија за злоупотреба на средства.

    Ле Пен негираше дека сторила криминал и рече дека ќе ја обжали пресудата, за која рече дека е политички мотивирана и има за цел да ја блокира нејзината претседателска кандидатура. Ле Пен и партиските функционери беа обвинети дека користеле средства од Европската унија за плаќање на персоналот на „Националниот собир“ во Франција.

    Бардела, 29-годишниот претседател на партијата и европски пратеник, не беше вмешан во судскиот случај. Тој претходно ги отфрли прашањата за тоа дали ќе ја бара највисоката јавна функција во земјата наместо Ле Пен. Сепак, вчера тој изјави: „Нема нејаснотии околу фактот дека Марин Ле Пен е мојот кандидат и ако таа биде спречена утре, мислам дека ќе можам да ви кажам оти јас ќе бидам кандидатот. Не можам да бидам појасен од тоа. Марин се смета за невина и ние ќе продолжиме да ги користиме сите можни средства… за да продолжиме да ја прогласуваме нашата невиност по ова прашање“, рече тој.

    Според францускиот закон, граѓанинот има право да се кандидира за претседател ако е на возраст над 18 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира