ПУТИН ОБЈАВИ ПРИВРЕМЕНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА, ШТО ЌЕ ТРАЕ ОД 8 ДО 11 МАЈ

    ПУТИН ОБЈАВИ ПРИВРЕМЕНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА, ШТО ЌЕ ТРАЕ ОД 8 ДО 11 МАЈПоследната објава на Путин доаѓа откако САД кажаа дека мировните разговори за Украина влегуваат во клучната недела (Фото: АП)

    Владимир Путин објави привремено примирје во војната во Украина, што треба да трае од утрото на 8 мај до 11 мај, што се совпаѓа со прославите на Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

    Како одговор на ова, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха повика на примирје од најмалку 30 дена, додека Белата куќа кажа дека Доналд Трамп сака траен прекин на огнот.

    Кремљ претходно објави 30-часовно велигденско примирје, кога двете страни се обвинуваа за бројни прекршувања.

    Русија смета дека украинската страна треба да го следи нашиот пример. Во случај на прекршување на прекинот на огнот од украинската страна, вооружените сили на Руската Федерација ќе дадат соодветен и ефективен одговор. Русија уште еднаш ја нагласува својата подготвеност за мировни преговори без предуслови, насочени кон елиминирање на основните причини за украинската криза и конструктивна интеракција со меѓународните партнери“, соопшти Кремљ.

    Последната објава на Москва доаѓа откако САД кажаа дека мировните разговори за Украина влегуваат во клучната недела, при што Трамп се закани дека ќе се повлече од преговорите ако наскоро нема јасен напредок. Трамп викендов ја доведе во прашање спремноста на Путин да ја заврши војната.

    Има причини да бидеме оптимистични, но треба да бидеме и реалистични. Блиску сме, но не сме доволно блиску. Оваа недела треба да утврдиме дали двете страни навистина сакаат мир“, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира