ТРАМП КРИТИКУВАН ОТКАКО БЕЛАТА КУЌА ГО ПРЕТСТАВИ КАКО ПАПА

    ТРАМП КРИТИКУВАН ОТКАКО БЕЛАТА КУЌА ГО ПРЕТСТАВИ КАКО ПАПАФотографијата направена со вештачка интелигенција се најде на официјалните профили на Белата куќа на социјалните мрежи

    Доналд Трамп беше критикуван од некои верници откако Белата куќа објави фотографија од него облечен како папа. Фотографијата направена со вештачка интелигенција се најде на официјалните профили на Белата куќа на социјалните мрежи, што доаѓа додека Ватикан се подготвува да го избере наследникот на папата Фрањо, кој почина на 21 април.

    Њујоршката католичка конференција го обвини Трамп дека ја исмева верата. Неколку дена порано, Трамп на шега им изјави на новинарите дека „би сакал да биде папа“.

    Нема ништо паметно и смешно во фотографијата, господине претседателе. Само што го погребавме нашиот сакан папа и кардиналите се спремаат да влезат во конклава за да го изберат неговиот наследник. Не нѐ исмевајте“, објави Њујоршката католичка конференција, која ги претставува свештениците од Њујорк.

    Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, одби да го коментира ова, додека Белата куќа ги отфрли критиките дека Трамп го исмевал папството.

    Претседателот Трамп беше во Италија за да му оддаде почит на папата Фрањо и да присуствува на неговиот погреб и тој е верен поборник на католиците и верските слободи“, рече портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира