Шефот за хуманитарна помош на ОН, Том Флечер, рече дека 14.000 бебиња би можеле да умрат во Газа во следните 48 часа, ако не им стигне повеќе помош и додаде дека тоа е „крајно застрашувачко“. ОН изјавија:
„Укажуваме на императивот да се набави храна за да се спасат околу 14.000 бебиња кои страдаат од тешка акутна неухранетост во Газа, како што предупреди партнерството ИПЦ (Класификација на фазата на интегрирана безбедност на храната). Во некои анализи објавени претходно овој месец, ИПЦ процени дека речиси 71.000 деца на возраст под пет години се очекува да бидат ‘акутно неухранети’ во следните 11 месеци – од кои ‘14.100 случаи се очекува да бидат тешки’“.
Денеска во Појасот Газа уште не е дистрибуирана хуманитарна помош, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујарик. Ова е и покрај залихите кои пристигнуваат на палестинската страна на преминот Керем Шалом, единствен комерцијален премин за стока со Израел во јужниот дел на Газа.
„Денес, еден од нашите тимови чекаше неколку часа за израелскадозвола да пристапи до областа Керем Шалом и да ги собере резервите за исхрана. За жал, тие не беа во можност да ги донесат тие залихи во нашиот магацин“, рече Дужарик за време на дневниот брифинг на ОН. Тој додаде дека „повеќе залихи дошле во Појасот Газа“, но вели дека тимовите на ОН на теренот „не успеале да обезбедат пристигнување на тие резерви во нашите магацини и места за испорака“.
ОН претходно соопштија дека Израел дал дозвола околу 100 камиони со хуманитарна помош да влезат во Газа по 11 недели блокирање на сета помош.
Огранок на израелските одбранбени сили (ИДФ) кој се занимава со логистичка координација меѓу Израел и Појасот Газа соопшти дека Израел дозволил 93 камиони на ОН со хуманитарна помош, вклучувајќи брашно за пекари, храна за бебиња, медицинска опрема и фармацевтски лекови да преминат во Газа преку преминот Керем Шалом.
Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, нареди ревизија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, договор за слободна трговија меѓу двата региона. Одлуката доаѓа по 11-дневната блокада на хуманитарната помош за Газа од страна на Израел.
„Во меѓувреме, на Израел е да ја деблокира хуманитарната помош“, рече таа на прес-конференцијата по Советот за надворешни работи. „Спасувањето животи мора да биде наш главен приоритет.
Обединетото Кралство претходно денеска ги прекина преговорите за слободна трговија со Израел