Поранешниот британски премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го добија четвртото дете, објавија тие на социјалните мрежи. На една фотографија 60-годишниот Џонсон ја држи ќерката Попи Елиза Џозефин, додавајќи дека е родена на 21 мај.
„Не ми се верува колку си убава и мала. Се чувствувам неверојатно среќно. Не сум сигурна дека спиев една минута откако си родена, затоа што не можам да престанам да те гледам колку си убава“, напиша Кери Џонсон на Инстаграм.
Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај 2021 и сега кажаа дека „Попи е последниот член на нивната банда“. Нивното прво дете се роди во април 2020.
Џонсон има четири деца и од бракот со Марина Вилер, а едно негово дете е резултат на вонбрачна врска.