ПУТИН МИ КАЖА ДЕКА ЌЕ СЕ ОДМАЗДИ ЗА УКРАИНСКИОТ НАПАД ВРЗ РУСКИТЕ ВОЕНИ АЕРОДРОМИ, РЕЧЕ ТРАМП

    ПУТИН МИ КАЖА ДЕКА ЌЕ СЕ ОДМАЗДИ ЗА УКРАИНСКИОТ НАПАД ВРЗ РУСКИТЕ ВОЕНИ АЕРОДРОМИ, РЕЧЕ ТРАМПТрамп му рекол на Путин дека Вашингтон не бил предупреден за нападот (Фото: Гети)

    Владимир Путин ќе сака да се одмазди за големиот украински напад врз руски воздушни бази, предупреди Доналд Трамп, кој телефонски разговарал со рускиот претседател.

    Путин многу јасно кажа дека ќе мора да одговори на неодамнешните напади врз воените аеродроми“, кажа Трамп.

    Тој предупреди дека телефонскиот разговор, што траел повеќе од еден час, нема да доведе до моментален мир помеѓу Русија и Украина. Тие притоа разговарале и за Иран, при што Путин се понудил да помогне во нуклеарните преговори со САД.

    Руските медиуми објавија дека Путин му рекол на Трамп дека Украина се обидела да ги наруши мировните разговори и дека владата во Киев се претворила во терористичка организација.

    Двајцата лидери разговараа неколку дена откако Украина го изведе најамбициозниот напад врз Русија од почетокот на војната, чија мета беа четири воени аеродроми, при што биле уништени или оштетени 40 авиони. Кремљ кажа дека Трамп му рекол на Путин дека Вашингтон не бил предупреден за овој напад.

    Минатата недела се чинеше дека Трамп му поставил рок од две недели на Путин да прифати примирје, што не беше спомнато сега по последниот телефонски разговор.

    Украинска делегација денеска требаше да се состане со американски сенатори во Вашингтон за да разговараат за набавките на оружје и за напорите за запирање на борбите. Андриј Јермак, шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, рече дека планираат да разговараат за одбранбената поддршка, ситуацијата на бојното поле, санкциите против Русија и за претходно потпишаниот инвестициски фонд за реконструкција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира