ЧЕТИРИ ЖРТВИ ВО ГОЛЕМИОТ РУСКИ НАПАД НА КИЕВ СО РАКЕТИ И ДРОНОВИ

    ЧЕТИРИ ЖРТВИ ВО ГОЛЕМИОТ РУСКИ НАПАД НА КИЕВ СО РАКЕТИ И ДРОНОВИВоздухопловните сили на Украина соопштија дека во текот на ноќта земјата била цел на беспилотни летала и ракети. (Фото: АП)

    Русија изврши интензивен напад сo ракети и беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, при што загинаа четири лица, соопштија украинските власти, додека моќни експлозии одекнуваа низ целиот град. Нападот следеше по предупредувањето од рускиот претседател Владимир Путин, пренесено преку американскиот лидер Доналд Трамп, дека Кремљ ќе возврати откако украинските беспилотни летала уништија неколку стратешки бомбардери во нападите длабоко во Русија.

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека 20 лица се повредени, од кои 16 се во болница, покрај четирите смртни случаи. Метро транспортниот систем на градот беше нарушен од рускиот напад што ги погоди и оштети пругите меѓу станиците, соопшти воената администрација на Киев. Украинската државна железничка компанија „Укрзализниција“ соопшти дека некои возови ја сменија рутата поради оштетување на железницата во регионот.

    Во населбата Соломијански, руски дрон удри во страната на станбена зграда, оставајќи голема дупка и траги од изгореници. Бетонски блокови од зградата кои паднаа ги смачкаа паркираните автомобили. Двајца полициски истражители го испитуваа она што изгледаше како мотор на дронот. Порано во текот на ноќта, новинарите на Ројтерс слушнаа звук на руски камиказе дронови како зујат на небото, придружени со звуци на стрелба од украинската противвоздушна одбрана. Сведоци јавија за серија бучни експлозии толку силни што ги затресоа прозорците далеку од местата на нападот. Некои жители на Киев побараа засолниште во метро станиците или на подземните паркинзи.

    Воздухопловните сили на Украина соопштија дека во текот на ноќта земјата била цел на беспилотни летала и ракети.

    Во еден од најсмелите напади од војната меѓу Украина и Русија, украинските шпиони минатиот викенд уништија дел од руските стратешки бомбардери паркирани во воени бази користејќи квадрокоптери скриени во дрвени бараки. Кремљ планира неодреден одговор на украинскиот напад врз руските воздухопловни бази, изјави Трамп по телефонскиот разговор со Путин во средата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира