СО НОВ ДИЗАЈН ИНСПИРИРАН ОД СОНЦЕТО ИЗЛЕЗЕ ВИНОТО „АЛЕКСАНДРИЈА ПРЕМИУМ КУВЕ“

    СО НОВ ДИЗАЈН ИНСПИРИРАН ОД СОНЦЕТО ИЗЛЕЗЕ ВИНОТО „АЛЕКСАНДРИЈА ПРЕМИУМ КУВЕ“Новата амбалажа е со намалена тежина на шишето заради заштита од климатските промени. (Фото: „Тиквеш“)

    Виното „александрија куве“ на винарската визба „Тиквеш“ има ново име и изглед. Целосно е редизајнирана етикетата и амбалажата, а од винарницата  велат дека квалитетот на виното се нагласува со новото адаптирано име „александрија премиум куве“.

    „Стилизираниот штит кој е дел од новата етикета сега повеќе потсетува на сонце, како одраз на нашиот идентитет, поднебје и асоцијација за нашата земја. Новата амбалажа е со намалена тежина на шишето со цел заштита од климатските промени. Преку употребата на полесни шишиња, ‘Тиквеш’ ја потврдува стратешката определба за намалување на својот јаглероден отпечаток и придонес кон борбата против климатските промени, како дел од континуираните напори за поставување ЕСГ-стандарди и практики“, велат од „Тиквеш“ за едно од нивните најпродавани вина.

    „Оценивме дека сега е вистинскиот момент за модернизација и прилагодување на новите трендови. Вака добиваме помодерен, уште попривлечен бренд кој ќе ги освои и новите потрошувачи“, додаваат од „Тиквеш“ и најавуваат дополнителни новитети во годината кога одбележуваат 140 години од основањето.

    Црвеното вино „александрија премиум куве“  од бербата 2023 доби високи оценки на годинешниот светски вински натпревар „Декантер“ (Decanter World Wine Awards 2025), еден од најпознатите во светот. Македонското црвено вино освои високи 92 поени, а белото „александрија премиум куве“ од бербата 2024, 90 поени. Од „Тиквеш“ велат дека овие вина традиционално освојуваат високи признанија на овој и на останатите светски натпревари, на кои до сега добиле над 100 награди.

    „Новата визија на брендот е одржување на ‘легендата за совршената купажа – КУВЕ“, која ја негуваат енолозите во ‘Тиквеш’. Вината од оваа линија, црвено, розе и бело, се препознатливи по својот префинет вкус и по спојувањето со разновидни комбинации на медитеранската и континенталната храна“, велат од винарницата која извезува над 65 % од своите вина на странски пазари, а вината од премиум сегментот се меѓу најнаградуваните во конкуренција на вина од целиот свет.

    На промоцијата во Скопје од „Тиквеш“ рекоа дека ги користеле методологиите на невромаркетингот за редизајнирање на винската линија.

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира