ФОТОИЗЛОЖБА ОД 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ СЕ ОТВОРА НА 3 ЈУЛИ ВО МАКЕДОНСККИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБ

    ФОТОИЗЛОЖБА ОД 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ СЕ ОТВОРА НА 3 ЈУЛИ ВО МАКЕДОНСККИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБИзложбата за првпат беше поставена во лани во јуни, во Мала Станица на фестивалот Скопје Синема Сити. (Фото: К. Попов)

    На 3 јули (19 часот) во Македонскиот културен центар во Загреб, ќе се отвори изложбата на фотографии „Искуството на Влатко Стефановски“ (The Vlatko Stefanovski Experience), посветена на јубилејот 50 години од неговата музичка кариера.

    Изложбата претставува избор од концертни фотографии кои ги документираат различните фази од солистичката кариера на Стефановски. Автори на фотографиите се Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ,  фотографи кои долги години го следат Стефановски на неговите настапи и турнеи во Македонија, Србија и пошироко. Таа за првпат беше поставена во галеријата Мала Станица во јуни 2024, на фестивалот „Скопје синема сити“.

    „Преку објективот на овие четворица фотографи се отвора еден визуелен архив кој сведочи за уметничкиот раст и развој на Стефановски – од неговите рани соло настапи, преку бројните музички соработки, па сè до денешните концерти кои сè уште пленат со виртуозност и силна емоционалност. Фотографиите ја доловуваат не само динамиката на настапите, туку и атмосферата на концертите, реакциите на публиката и посветеноста со која Влатко излегува на сцена“, вели авторот на изложбата, новинарот и куратор Ненад Георгиевски.

    Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со „Теохаров Аудио“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира