СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ПРЕДВИДЕНИ УШТЕ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ И 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ, РЕЧЕ ЉУТКОВ

    СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ПРЕДВИДЕНИ УШТЕ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ И 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ, РЕЧЕ ЉУТКОВМинистерот на јави дека во владина процедура е измената на Законот за игри на среќа, со што за развој на туризмот ќе се добиваат 4%, а Агенцијата за филм ќе добива 3% од уплатените давачки за игри на среќа. (Фото: СДК.МК)

    Со ребалансот на Буџетот е предвидено Агенцијата за филм да добие дополнителни 145 милиони денари (2,3 милиони евра), а уште 155 милиони денари (2,5 милиони евра) се предвидени за субвенции и поддршка на туризмот, рече денеска министерот за култура Зоран Љутков.

    „Согласно со ребалансот на буџетот за 2025, обезбедивме дополнителни 155 милиони денари за субвенции и поддршка на туризмот, како и 145 милиони за Агенцијата за филм. Исто така, со измената на Законот за игри на среќа, кој е во владина процедура, за развој на туризмот ќе се добиваат 4%, а исто така и Агенцијата за филм ќе добива 3% од уплатените давачки за игри на среќа. Овие дополнителни средства претставуваат силен инпут за развој на овие два сектора“, рече Љутков во отчетот за една година од Владата.

    Тој кажа дека во областа на туризмот во изминатиот период е започнато спроведување серија институционални, реформски и организациони мерки заради подобрување на функционалноста и координацијата во туристичкиот сектор.

    „Во напредна фаза е процесот на преземање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што се создава единствена адреса за сите прашања поврзани со туризмот во земјата. Со екипирање на два нови сектори за туризам во рамки на Министерството се консолидира системот и се создава поврзана и функционална институционална целина што ќе одговори на реалните потреби на туристичкото стопанство. Овој чекор е дел од поширока стратегија за институционална ефективност и подобрување на услугите што ги добиваат чинителите во туризмот. Преземени се активности и се формираат работни групи со претставници од приватниот туристички сектор со цел креирање на ефективна развојна програма за 2026, со фокус на одржливи форми на туризам, со активна промоција на културниот и транзитниот туризам“, рече Љутков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира