ПОЖАРИ КАКО ВО ОТПАДОТ ЗА ЖЕЛЕЗО ВО ВИЗБЕГОВО СЕ МНОГУ ОПАСНИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ КОНЦЕНТРАЦИИ ОТРОВНИ И КАНЦЕРОГЕНИ КОМПОНЕНТИ, ВЕЛИ РЕКТОРОТ МИРАКОВСКИ ОД ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ 

    ПОЖАРИ КАКО ВО ОТПАДОТ ЗА ЖЕЛЕЗО ВО ВИЗБЕГОВО СЕ МНОГУ ОПАСНИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ КОНЦЕНТРАЦИИ ОТРОВНИ И КАНЦЕРОГЕНИ КОМПОНЕНТИ, ВЕЛИ РЕКТОРОТ МИРАКОВСКИ ОД ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Мираковски е раководител на универзитетските лабoраториски центри за испитување на загаденоста на воздухот во затворени и отворени прoстори; - Од пожарот во Визбегово, Скопско. (Фото: К. Попов)

    Пожарите од типот на оној во Визбегово кај Скопје, кога вчера гореше отпад за железо, се многу опасни, бидејќи  се испуштаат високи концетрации од повеќе видови токсични и канцерогени компоненти,  вели ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Дејан Мираковски.

    Тие можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето ако се во близина и се вдише таквиот опасен чад, вели Мираковски, кој е раководител на универзитетските лабoраториски центри за испитување на загаденоста на воздухот во затворени и отворени прoстори.

    Според Мираковски, иако немале извршено мерење оти никој тоа не го побарал од нив, повеќе од јасно е дека степенот на загадувањето како последица од пожарите кои се шират овие денови е многу опасен, особено од оние кои испуштаат црн чад. Тие се крајно штетни по здравејто на живиот свет, посебно додека трае пожарот, а по неговото локализирање полека таквите состојки се раслојуваат и го губат своето дејство.

    Современата лабораторија за животна и работна средина „Амбикон“, која е во рамките на Факулететот за природни и технички науки, располага со опрема за контрола на сите параметри на амбиенталниот воздух и за анализа и испитување на морфолошки и хемиски состав на материјали, како и со најсовремена опрема за испитување и специјализирани софтвери за обработка на податоци.

    Проблемите со вакви диви депонии или депонии кои неправилно го складираат отпадот и недоволно го озбезбедуваат се уште поголеми, а кај нас со години не се реализирани најавените системи и регионални центри за управување со отпад кои предвидуваа посебни стандарди за сигурно складирање и преработка на отпадот, велат стручњаците од штипските лаборатории.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира