ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ШТО ГОРЕШЕ ВО ОТПАДОТ ВО ВИЗБЕГОВО И ЧЕКА РЕЗУЛТАТИ ОД МЕРЕЊАТА НА ОТРОВНИ МАТЕРИИ ВО ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ШТО ГОРЕШЕ ВО ОТПАДОТ ВО ВИЗБЕГОВО И ЧЕКА РЕЗУЛТАТИ ОД МЕРЕЊАТА НА ОТРОВНИ МАТЕРИИ ВО ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕСе испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи. (Фото: СДК.МК)

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во скопско Визбегово, а во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области. Се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи.

    На отпадот за старо железо гореа хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаa детонации. Пожарот не зафати друг приватен имот и куќи, a едно лице е повредено. Густ црн чад се ширеше над цело Скопје со часови доека не беше изгасен пожарот.

    „Локацијата е обезбедена, а на терен се инспектори од одделот за економски криминал на МВР. Обезбедени се снимки од видео надзор кој се прегледува и се анализира. Увид извршија и инспекциски служби за животна средина, а во постапката се ангажираат и вешти лица од областа на екологијата. По барање на јавниот обвинител, веднаш по настанот беше активиран и тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ кој собра примероци и изврши мерења на токсичните материи во воздухот во Скопје, а резултатите треба да бидат доставени до обвинителството“, вели Обвинителството.

    Од таму велат дека Исто така прибавена е и целокупната документација поврзана со работата на отпадот и дадени се насоки за да се извршат разговори со лица за да се утврди каков точно отпад бил складиран на локацијата и дали се почитувани законските прописи и дозволи за работа.

    Двете лица, маж и жена, кои по пожарот нападнаа новинарска екипа и натаму се во притвор во постапка и за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира