Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „патриот“ во Украина, бидејќи, како што рече, тие се неопходни за одбрана на земјата бидејќи рускиот претседател Владимир Путин „зборува убаво, но потоа ги бомбардира сите навечер“.
Трамп не кажа колкав број на ракети „патриот“ планира да ги испрати во Украина, но рече дека САД ќе добие пари за нивната цена од Европската Унија. Тој денеска треба да се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Американскиот претседател е сè повеќе разочаран од Путин бидејќи рускиот лидер се спротивставува на обидите на Трамп да преговара за прекин на војната меѓу Украина и Русија.
Се очекува Трамп да објави нов план за вооружување на Украина со офанзивно оружје, што е нагло отстапување од неговиот претходен став.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара повеќе одбранбени капацитети за да се од одбрани секојдневниот бран напади со ракети и беспилотни летала од Русија.
„Ќе им испратиме ‘патриоти’, кои очајно им се потребни, бидејќи Путин навистина изненади многу луѓе. Тој зборува убаво, а потоа ги бомбардира сите навечер. Но, има мал проблем таму. Не ми се допаѓа. Во основа ќе им испратиме разни парчиња многу софистицирана воена опрема. Ќе ни платат 100% за тоа, и така сакаме“, рече Трамп.