Истрагите за падот на авионот на „Ер Индија“ ги испитуваат медицинските картони на пилотите, бидејќи се тврди дека еден од нив имал депресија и проблеми со менталното здравје. Капетанот Сумит Сабхарвал, искусен пилот со повеќе од 8.200 часа во пилотската кабина, го управувал „боингот 787 дримлајнер“ кога се урна во станбена област, наречена Мегани Нагар, при што загинаа 241 лице во авионот и одзедоа уште 19 животи на земја.
Секунди по полетувањето на 12 јуни, во пилотската кабина два прекинувачи за довод на гориво на летот 171 на „Ер Индија“ беа исклучени кратко време по полетувањето, што резултираше со катастрофален губиток на енергија и авионот падна.
Функцијата „работи“ на прекинувачите значи дека пилотите морале да ги подигнат пред тие да ја променат својата положба, тие не се едноставни копчиња што можат случајно да се исклучат. Сега, истрагите за трагичната несреќа започнаа да го анализираат однесувањето на пилотот.
Капетанот Мохан Ранганатан, водечки експерт за безбедност во воздухопловството во Индија, откри дека неколку пилоти на „Ер Индија“ наводно потврдиле оти искусниот пилот имал слабо ментално здравје. Во разговор за „Дејли Телеграф“, тој тврди: „Тој се повлекол од летање во последните три до четири години. Заради тоа земал боледување.“
Се смета дека капетанот Сабхарвал зел и отсуство оти тагувал по смртта на мајка му, иако Ранганатан верува дека добил „медицински одобрение“ од „Ер Индија“ пред фаталната несреќа минатиот месец.
Во Поваи, Мумбај, еден од поранешните колеги на капетанот Сабхарвал го опиша како „темелен господин“, велејќи дека верува оти „всушност размислувал за предвремено пензионирање во следните неколку години“, со планови да се грижи за својот постар татко, на возраст од 90 години.
Во својата кратка кариера, копилотот Клајв Кундер, 28, има регистрирано повеќе од 3.400 часа.
„Телеграф“ објави дека иако „Ер Индија“ одби да коментира, службено лице кое работи во нивната матична компанија, „Тата груп“, изјави дека капетанот Сабхарвал не зел никакво отсуство поради боледување, а прелиминарниот извештај не успеал да добие никакви значајни наоди. Тие додадоа дека во последните две години, двајцата пилоти на летот го положиле медицинскиот преглед од Класа I, што прави евалуација на нивните психофизички способности.
Во неделата, прелиминарниот извештај објавен од индиските власти отвори прашања за тоа зошто пилотот рачно ги исклучил прекинувачите – и дали тоа било намерен чин или катастрофална грешка.
Во извештајот се вели: „На снимката од пилотската кабина, се слуша како еден од пилотите го прашува другиот: зошто го исклучил сигналот? Другиот пилот одговорил дека не го сторил тоа.“
Пилотите ги вклучуваат и исклучуваат прекинувачите за гориво во точното време во секој лет, но овој пат горивото било исклучено веднаш по полетувањето, а опремата за слетување не била подигната. Копилотот го управувал авионот во моментот на полетувањето додека капетанот го набљудувал. Во извештајот се додава дека прекинувачите биле повторно вратени на „работи“ неколку секунди подоцна, со што започнал процесот на повторно палење на моторите. Но веќе било доцна и авионот падна.