ПУТИН НЕ Е ЗАГРИЖЕН ОД ЗАКАНИТЕ ОД ТРАМП И СПРЕМЕН Е ДА ПРОДОЛЖИ СО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ВЕЛАТ ИЗВОРИ ОД КРЕМЉ

    ПУТИН НЕ Е ЗАГРИЖЕН ОД ЗАКАНИТЕ ОД ТРАМП И СПРЕМЕН Е ДА ПРОДОЛЖИ СО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ВЕЛАТ ИЗВОРИ ОД КРЕМЉПутин нема да ја запре војната под притисок од западот и верува дека Русија може да издржи понатамошни економски тешкотии (Фото: АП)

    Владимир Путин има намера да продолжи да се бори во Украина сè додека западот не ги прифати неговите услови за мир, а неговите територијални барања можат и да се прошират како што напредуваат руските сили, изјавија за „Ројтерс“ три извори блиски до Кремљ. Путин, кој им нареди на руските трупи да влезат во Украина во февруари 2022, верува дека руската економија и војската се доволно силни за да издржат какви било дополнителни западни мерки, велат изворите.

    Доналд Трамп вчера изрази фрустрираност од одбивањето на Путин да прифати прекин на огнот и најави нови испораки на оружје за Украина, вклучувајќи ракетни системи „патриот“. Тој, исто така, се закани со царини и дополнителни санкции за Русија доколку не се постигне мировен договор во рок од 50 дена.

    Трите руски извори рекле дека Путин нема да ја запре војната под притисок од западот и верува дека Русија може да издржи понатамошни економски тешкотии, вклучително и американските закани со царини за купувачите на руска нафта.

    Путин смета дека никој сериозно не се ангажирал со него околу деталите за мир во Украина, вклучително и Американците, па ќе продолжи сè додека не го добие она што го сака“, изјави еден од изворите за Ројтерс“.

    И покрај неколкуте телефонски разговори со Трамп и посетите на Русија од страна на специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, Путин верува дека немало детални дискусии за основата на мировниот план, рече еден извор.

    Путин го цени односот со Трамп и имаше добри разговори со Виткоф, но интересите на Русија се над сè“, додаде тој.

    Условите на Путин за мир вклучуваат правно обврзувачко ветување дека НАТО нема да се шири кон исток, украинска неутралност и ограничување на нејзините вооружени сили, заштита на руските говорници во Украина и признавање на територијалните придобивки на Русија. Тој исто така бил подготвен да разговара за безбедносни гаранции за Украина во што ќе бидат вклучени големите сили, иако е нејасно како би изгледало тоа.

    Друг добро упатен извор рекол дека Путин ги сметал целите на Москва за многу поважни од какви било потенцијални економски загуби и не бил загрижен од заканите на САД. Два извора рекле дека Русија има предност на бојното поле и производува повеќе гранати од НАТО.

    Русија моментално ги контролира Крим и целиот регион Луганск, како и повеќе од 70% од регионите Доњецк, Запорожје и Херсон и мали делови од регионите Харков, Суми и Днепар. Путин би можел да се бори сè додека одбраната на Украина не се распадне, велат изворите.

    Москва би можела да ја запре својата офанзива откако ќе ги освои четирите источни региони доколку наиде на жесток отпор. Но, ако украинската одбрана се распадне, ќе има уште поголемо освојување во Днепар, Суми и Харков“, кажа еден извор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира