Ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи е кандидат на Коалицијата „Европски фронт“ за градоначалник во скопската Општина Чаир. Бајрам Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово на коалицијата предводен од ДУИ.
Имињата беа соопштени денеска, по завршувањето на 21. седница на Централното претседателство на ДУИ, која се одржа во Тетово.
Коалицијата „Европски фронт“, најави дека кандидатурите за градоначалници ќе бидат распределени меѓу сите партнери во коалицијата. Покрај ДУИ, свои кандидати ќе предложат и Алијансата на Албанците предводена од Зијадин Села, како и фракцијата на Алијансата под водство на Арбен Таравари.
Бујар Османи на изборите во 2024 година беше кандидат за претседател на државата. Во претходната коалициона Влада на СДСМ и ДУИ беше министер за надворешни работи.