ИМИГРАЦИЈАТА ЈА УБИВА ЕВРОПА, КАЖА ТРАМП ПО ДОАЃАЊЕТО ВО ШКОТСКА ЗА ДА ИГРА ГОЛФ

    ИМИГРАЦИЈАТА ЈА УБИВА ЕВРОПА, КАЖА ТРАМП ПО ДОАЃАЊЕТО ВО ШКОТСКА ЗА ДА ИГРА ГОЛФТрамп ќе престојува во Шкорска четири дена (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека имиграцијата ја убива Европа откако пристигна во четиридневна приватна посета на Шкотска. Тој планира да ги посети терените за голф што ги поседува неговото семејство и да се сретне со британскиот премиер Кир Стармер и Урсула фон дер Лајен.

    Што се однесува до имиграцијата, подобро е да се приберете или повеќе нема да ја имате Европа. Мора да ја запрете таа ужасна инвазија што ѝ се случува на Европа. Некои лидери, некои луѓе не дозволија тоа да се случи и не добиваат соодветна заслуга“, рече Трамп, без да ги именува.

    Фон дер Лајен кажа дека со Трамп ќе разговара за трансатлантските односи, додека Европската Унија се соочува со нови американски царини од 1 август и спрема контрамерки ако не биде постигнат договор.

    Постигнување трговски договор со ЕУ ќе биде најголемиот договор што ќе го направиме“, кажа Трамп вчера.

    Тој викендов ќе престојува во Тарнбери, а потоа ќе замине на неговиот друг имот во Абердиншир. На двете места ќе игра голф на терените што ги поседува неговото семејство.

    Трамп им откри на новинарите дека актерот Шон Конери имал клучна улога во проектот.

    Шон Конери ми помогна да ги добијам дозволите. Да не беше тој, не би ги имале овие убави терени за голф“, кажа Трамп, кој се враќа во САД во вторник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира